Втора лигаФудбал

Пелистер со големо засилување – Мартин Мирчевски се врати во матичниот клуб

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Раководството на  ФК Пелистер го потврди ангажманот на искусниот фудбалер Мартин Мирчевски, кој по неколку години повторно се враќа во матичниот клуб каде што ги направи своите први фудбалски чекори.

Дваесет и деветгодишниот офанзивец зад себе има богата домашна и интернационална кариера. Во Македонија настапуваше за Беласица, Вардар, Брера Струмица и Силекс, додека во странство го носеше дресот на српскиот ТСЦ Бачка Топола и на босански Железничар Сараево.

Покрај клупската кариера, Мирчевски има и настап за сениорската репрезентација на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата фудбалска вредност и искуство.

Со неговото враќање, Пелистер добива квалитетно засилување во пресрет на новата сезона, а навивачите ќе имаат можност повторно да го гледаат еден од своите поранешни миленици во зелено-белиот дрес. Клубот очекува Мирчевски да биде еден од носителите на играта и важен адут во остварувањето на амбициите во претстојниот шампионат и враќање на тимот повторно во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!