Прва лигаФудбал

ФОТО: Прволигашот Скопје ги започна подготовките со првиот тренинг на „Железарница“

Сподели
ФОТО: ФК Скопје
Сподели

Прволигашот Скопје кој обезбеди враќање во Првата македонска фудбалска лига ги започна подготовките за новата сезона со првиот тренинг на стадионот „Железарница“ во Автокоманда.

„Пиратите“ кои минатата сезона го освоија второто место во Втората лига преку бараж совладувајќи ја Брера Струмица обезбедија промоција во елитата.

Од клубот истакнаа дека со максимална посветеност и напорна работа влегуваат во новите предизвици.

„Со максимална посветеност, напорна работа и заедништво, влегуваме во новите предизвици со една цел – достојно да ги браниме боите на клубот и да ги израдуваме нашите навивачи. Ви благодариме за поддршката – бидете со нас и оваа сезона“, велат од клубот.

Новата сезона во Првата лига стартува на 25 јули, а во рамки на првото коло екипата на Скопје ќе гостува кај вицешампионот Шкендија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел...

Турнири

Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски се „распукаа“ за влез во полуфиналето на „Петровден 2026“ во Мешеишта

Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски многу лесно се пласираа во големото полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги...

Прва лигаФудбал

Арсими ја засили офанзивата со Колумбиецот Диего Контрерас

Новиот прволигаш Арсими продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за претстојната...

ИнтернационалциФудбал

Шкендија со убедлива „петарда“ против Европа, вицешампионот веќе гледа во следната рунда

Македонскиот вицешампион Шкендија направи одличен чекор кон пласман во второто квалификациско коло...

ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Силекс со голема победа против Динамо Минск, Хасукиќ херој од белата точка

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, направи голем чекор кон пласманот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!