Турнири

ФОТО: Стартуваат елиминациите на „Конче 2026“: Вечерва возбудливи средби за пласман во следна фаза!

Сподели
Сподели



Групната фаза на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ заврши, со што се познати сите екипи кои обезбедија пласман во осминафиналето, а со тоа се познати и двојките кои ќе се соочат за пласман во четвртфиналето.

Синоќа Хаса Бум доживеа тежок пораз од Мастер Мустафа Бербер со резултат од 1:11, а во вториот меч Фенербахче со 3:1 го доби Конче Бирлик.

Во третиот меч на вечерта екипата на Мастер Мустафа Бербер загуби од Дивино со 1:2, а пак Фенербахче со 5:3 го доби тимот на Дивино.

Во осминафиналето Фенербахче оди на мегдан против Злеово, Перо и Тајфата ќе се соочи со Мена Транс, Црна Река ќе бара место во четвртфиналето против Липовиќ, Интерпласт ќе се соочи со Конче Бирлик.

Перфект Дизајн и Еуродом Проект против Ефеџан Мемо, Дивино налета на Фурна Марфи пресметка на пици и сомуни, Украс Инг против Мастер Мустафа Бербер, а пак Фреигхт Оне оди против Парналија.

Вечерната програмата нуди четири мечеви, еден во кадетска и три во сениорска конкуренција.

20:00 часот КРИСТОФЕР КИШНЕР – ЈАКОВ ТОБАКО (кадети)
20:45 часот ЦРНА РЕКА – ЛИПОВИЌ
21:45 часот ИНТЕРПЛАСТ – БИРЛИК КОНЧЕ
22:45 часот ПЕРО И ТАЈФАТА – МЕНА ТРАНСФЕР

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој има голема традиција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!