Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими промовираше две нови имиња

Сподели
Сподели

Прволигашот Арсими од Чегране претстави две засилувања за новата сезона, се работи за Лорик Каба Јакупи и за Салваторе Рибаудо.

Талентираниот млад крилен напаѓач Лорик Каба Јакупи доаѓа од тетовска Шкендија, каде што ги мина сите младински категории и заигра за сениорскиот тим. Зад себе има 57 настапи во дресот на Шкендија од кои 44 во шампионатот, седум во Купот на Македонија, со шест европски мечеви.

На фудбалските терени фудбалерот кој е роден 2006 година помина 1365 минути со еден гол и две асистенции.

Рибаудо е 21-годишен италијански крилен напаѓач, кој своите први фудбалски чекори ги направил во академијата на Палермо, а цели пет години бил дел од академијата на Парма.

За Италијанецот ова ќе биде враќање во македонскиот фудбал бидејќи претходно го носеше дресот на екс прволигашот Брера од Струмица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!