Останато

Марковски и Србљак победници во двојки на Macedonian Open 2026

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак триумфираа во конкуренција на двојки на годинашново издание на Macedonian Open 2026. Тие во финалето за 79 минути ги совладаа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (75 64).

Во првиот сет Марковски-Србљак направија брејк во седмиот гем и поведоа со 4:3, но веќе во следниот гем тенисерите од Бугарија успеаја да изедначат на 4:4. Новиот брејк за македонската двојка во 11.тиот гем им донесе водство од 6:5 во гемови, а сетот го завршија откако го освоија гемот на свој сервис за 7:5.

Во вториот сет повторно во седмиот гем имаше брејк за Марковски и Србљак за 4:3, а потоа и во деветтиот гем направија брејк и сетот го завршија со 6:3 во гемови.

Инаку, Марковски и Србљак го одиграа и полуфиналниот меч и постигнаа победа од 2-0 во сетови против Николас Бруна и Франциско Томас Гешвинд.

Денес со почеток во 11:30 часот се игра финалето во сингл меѓу Калин Ивановски против Владислав Орлов од Украина, кој со 2-1 во сетови (26 60 64) го победи Стефан Поповиќ од Србија.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими се засили со Ѓорѓи Дошев

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен Ѓорѓи Дошев како најново име кое доаѓа во клубот од Чегране....

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тодоровиќ го скрати списокот, Македонија У18 утре го игра првиот контролен натпревар против Косово

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство, а првата проверка ја очекува утревечер против Косово. По...

Поврзани написи
Останато

Калин Ивановски: Ми помогнавте да го освојам турнирот, целта ми е да се вратам на Гренд слем турнирите

По триумфот на турнирот во Скопје во 2023 година, македонскиот тенисер Калин...

Останато

Калин Ивановски триумфираше на Macedonian Open и ја освои титулата во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфално го заврши настапот на годинашното издание на...

Останато

Златен медал за каратистот Марко Џорлев на Светската младинска лига во Хрватска

Младиот каратист Марко Џорлев го освои златниот медал на Светската младинска карате...

Останато

По историскиот успех на Вимблдон, Лина Ѓорческа на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Македонската тенисерка, која стана првата од земјава што настапила во главниот жреб...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!