Турнири

ФОТО: Кафе Бар Коко се „распука“, Гранит Х се намачи за триумф, Оровник слави минималец

Сподели
Сподели

Продолжуваа возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, откако вечерва програмата понуди три мечеви од три различни групи.

Во првиот меч од групата G екипата на Оровник со минимални 1:0 славеше над Дебрца Експрес, веднаш потоа следуваше мечот од групата Е каде екипата на Гранит Х се намачи за да го скрши отпорот на Кибо Пласт за триумф од 3:2.

Во последниот меч на вечерта публиката проследи меч кој понуди висока и убедлива победа од 0:6 за екипата на Кафе Бар Коко над Томе Електрик.

Утрешниот ден нуди три натпревари, еден од групна фаза и два од осминафиналето.

Чардак Велгошти од 20:30 часот ќе игра против Оровник, меч од групата G, од 21:30 часот стартува осминафиналната фаза со мечот меѓу БЗ Груп Струга против Аце Најдески, а еден час подоцна во битка за следна фаза ќе се соочат Хотел и Спа Инекс Олгица против Кафе Бар Слобода Кичево.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски партнер на турнирот во Мешеишта со што продолжува соработката која е воспоставена пред неколку години.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!