Турнири

Младите надежи со многу погодоци на турнирот во Конче

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни три од четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, а оваа вечер беше во знакот на младите фудбалски надежи кои запишаа големи победи со многу погодоци.

Пионери 2 беа поразени од Пионери 4 со резултат од 4:9, меч кој понуди многу погодоци. Во вториот натпревар Конче Бирлик со 6:3 славеше над Кристофер Кишнер со 6:3, а пак екипата на Резиденција Милев со 3:2 го доби тимот на Јаков Тобако.

Во сениорска конкуренција беше закажан само еден меч, но тој не се одигра, откако Парналија не се појави на теренот, па со тоа екипата на Перфект Дизајн Еуро Дом Проект го добива мечот со службени 0:3.

  • Утрешната програма нуди четири натпревари:

20:00 часот Хасан Бум – Мастер Мустафа Бербер
20:45 часот Фенербахче – Конче Бирлик
21:30 часот Мастер Мустафа Бербер – Дивино
22:15 часот Фенербахче – Дивино

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан, а утрешниот ден ќе биде последен од групната фаза, по што ќе следува елиминациската фаза.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими се засили со Ѓорѓи Дошев

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен Ѓорѓи Дошев како најново име кое доаѓа во клубот од Чегране....

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тодоровиќ го скрати списокот, Македонија У18 утре го игра првиот контролен натпревар против Косово

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство, а првата проверка ја очекува утревечер против Косово. По...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Чардар Велгошти го „прегази“ Оровник, следна фаза за Аце Најдески и Хотел и Спа Инекс Олгица

Вечерва беше одигран последниот меч од групната фаза на турнирот во мал...

Турнири

ФОТО: Кафе Бар Коко се „распука“, Гранит Х се намачи за триумф, Оровник слави минималец

Продолжуваа возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, откако...

Турнири

„Малеш Куп 2026“ нуди 130.000 денари за победникот – пријавите се во тек!

Берово и ова лето ќе биде домаќин на еден од најатрактивните турнири...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!