Младински фудбалФудбал

ФОТО: Градоначалникот Андонов ги прими младите фудбалери на ФА Христов по големиот успех на Охрид Куп

Сподели
Сподели

Младите фудбалери на Фудбалската академија Христов од Василево беа примени од градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, по повод освоеното второ место на престижниот турнир Охрид Куп, како и второто место на Рударскиот куп во Македонска Каменица.

По тој повод, градоначалникот Андонов истакна дека ова е голем успех не само за клубот тука за целата општина.

„Фудбалерите на Академија Христов од Василево денес беа мои драги гости, по повод освоеното второ место на Охрид Купот и Рударскиот куп во Македонска Каменица. Овој успех е гордост не само за клубот, туку и за цела Општина Василево. Радоста од освоените признанија е заедничка, а посветеноста, трудот и тимскиот дух на младите фудбалери заслужуваат искрени честитки. Општина Василево и понатаму ќе биде силен поддржувач на младите спортисти, нивниот развој и нивните идни успеси. Честитки за играчите, тренерите и сите што придонесуваат за овие прекрасни резултати!“

Фудбалската академија Христов претставува вистински фудбалски симбол на Општина Василево и е препознатлива како расадник на млади фудбалски таленти од оваа општина. Со континуирана работа, стручен пристап и настапи на домашни и меѓународни турнири, академијата успешно ги развива младите фудбалери, кои со своите резултати достојно ги претставуваат Василево и македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!