Општина Конче продолжува да вложува во развојот на спортската инфраструктура, потврдувајќи ја својата посветеност кон создавање подобри услови за спорт, рекреација и здрав живот на своите граѓани.
На општинскиот стадион во населеното место Конче заврши изградбата на нова мини фитнес-зона на отворено, која ќе биде достапна за сите љубители на спортот и рекреацијата.
По повод завршувањето на проектот, градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов, истакна дека ја завршиле изградбата на мини фитнес-зоната на отворено.
„Денес ја завршивме изградбата на мини фитнес-зона на отворено, која се наоѓа во рамки на општинскиот стадион во населеното место Конче. Овој нов простор е наменет за рекреација, спорт и унапредување на здравите животни навики на сите граѓани. Нека служи долго и нека биде место каде што ќе се создаваат добри навики и позитивна енергија“, истакна градоначалникот Ристов.
Општина Конче во изминатиот период е пример за тоа како една локална самоуправа може континуирано да вложува во спортот. Покрај поддршката што ја обезбедува за спортските клубови и спортистите, општината значително инвестира и во подобрување на спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за тренинг, рекреација и развој на спортот.

Новата фитнес-зона ќе им овозможи на жителите од сите генерации бесплатно да спортуваат и рекреираат на отворено, а воедно претставува уште еден чекор кон поттикнување на здравите животни навики и зголемување на физичката активност кај младите и возрасните.
Со ваквите инвестиции, Општина Конче испраќа јасна порака дека спортот и здравиот начин на живот остануваат меѓу нејзините приоритети и во иднина.

Дополнително деновите општина Конче живее во знакот на малиот фудбал со традиционалното одржување на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“.