Третолигашот БВК Коњаре носи големо име меѓу стативите откако постигна договор за соработка со голманот Бурхан Мустафа, кој носи огромно искуство во клубот кој ќе цели кон влез во Втора лига, за што гради и квалитетен ростер.
Искусниот голман во минатото беше дел од Шкендија Арачиново, Воска Спорт, АП Брера Струмица, Гостивар, Работнички, Борец, Шкупи, Еуромилк ГЛ, Дрита, Маџари Солидарност, тетовска Шкендија, а во странство настапуваше за косовските екипи Феризај и Шари.
Со ангажирањето на 36-годишниот голман се потврдуваат заложбите на БВК Коњаре за пласман во второлигашката конкуренција.