Втора лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ се собраа – Еуромилк ГЛ ги започна подготовките

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

овратникот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Еуромилк од Горно Лисиче денес ги започна летните подготовки за новата сезона.

Шефот на стручниот штаб Јован Трајков ги собра „лисиците“ и со првиот состанок и тренинг означи почеток на подготовките. Како што велат од клибот пред нив е период исполнет со напорна работа, дисциплина и посветеност.

„Лисиците ги запалија моторите! Со многу ентузијазам, желба и победнички дух, денес официјално ги започнавме подготовките за новата сезона. Пред нас е период исполнет со напорна работа, дисциплина и посветеност. Секој тренинг е нов чекор кон нашите цели, а заедно ќе дадеме сè за достоинствено да ги браниме боите на ФК Еуромилк ГЛ.
Заедно сме посилни. Заедно одиме по нови победи! Напред Еуромилк“, се вели во соопштението на екс прволигашот.

„Лисиците“ минатата сезона беа шампиони во Трета лига – Север, а потоа во баражот за влез во Втора лига ја совладаа Каменица Саса и обезбедија враќање во второлигашката конкуренција.

Новата сезона Еуромилк ГЛ ја отвара против ланскиот прволигаш Брера Струмица во гости.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!