Прва лигаФудбал

Искусниот Дарко Стојанов ново засилување на Брегалница

Сподели
Сподели



Искусниот дефанзивец Дарко Стојанов е ново име во прволигашот Брегалница, ексклузивно дознава Спортска Мрежа, штипјанецот се враќа во дресот на „сините“ и ќе биде еден од носителите на тимот за следната сезона.

Стојанов во минатото во неколку беше дел од Брегалница, а сега повторно го облекува синиот дрес.

По завршувањето на сезоната, 36-годишниот стопер и Кожуф се разделија, откако заеднички ја исполнија главната цел – обезбедување опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Стојанов имаше клучна и важна улогата во исполнување на целите со Кожуф минатата сезона.

Зад Стојанов е богата и успешна кариера. Првите сениорски настапи ги запиша во Вардар, а потоа настапуваше и за Маџари Солидарност, Беласица и Брегалница, каде остави длабока трага и стана едно од препознатливите имиња на клубот од Штип.

Штипјанецот потоа кариерата ја продолжи во редовите на поранешниот вицешампион Хоризонт Турново, Борец, Ренова, Детонит Плачковица и повторно Вардар, додека интернационално искуство стекна во бугарскиот Дунав Русе.

Брегалница која минатата сезона стана шампион во Втора лига и се врати во Првата македонска фудбалска лига активно работи на креирање на ростерот за следната сезона, а ангажманот на Стојанов е уште една потврда дека Брегалница ќе гради квалитетен тим со искусни имиња.

Брегалница сезоната ја отвара против шампионот Вардар во гости, а првиот домашен меч како прволигаш ќе го игра против Арсими во рамки на 2. коло.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!