Од Пелистер истакнуваат дека Христов е тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајна меѓународна кариера. Во својата досегашна работа беше дел од повеќе успешни проекти, а последен ангажман имаше на клупата на Тиквеш.
Во домашниот шампионат претходно ги предводеше и екипите на Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека на меѓународната сцена работеше во азербејџанските клубови Карабах и Зира.
Во клубот веруваат дека неговото знаење, визија и карактер ќе бидат од големо значење во исполнувањето на клупските амбиции, кои се јасно поставени – експресно враќање на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.
Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 9 јули, кога ќе биде извршена првата прозивка на фудбалерите, со што официјално ќе започнат подготовките за предизвиците што го очекуваат битолскиот клуб.
Од ФК Пелистер му посакаа на Борче Христов многу здравје, успех и бројни заеднички победи на клупата на „зелено-белите“.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен Ѓорѓи Дошев како најново име кое доаѓа во клубот од Чегране....
Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство, а првата проверка ја очекува утревечер против Косово. По...
Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен...
Третолигашот БВК Коњаре е решен годинава да гради тим за влез во...
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница активно работи на ангажман на...
Прволигашот Арсими од Чегране претстави две засилувања за новата сезона, се работи...