Турнири

ФОТО: Др. Баткоски брзо го „преслуша“ Киоск кај Бироно со осум гола

Сподели
Сподели

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта беше одигран само еден натпревар, два беа одложени поради лоши временски прилики.

Екипата на Др. Баткоски имаше лесна задача и брзо го „преслуша“ составот на Киоск кај Бироно откако му „тресна“ осум гола за конечен триумф од 8:2.

Утрешната програма нуди три натпревари, а вечерта ќе биде отворена со натпреварот меѓу Хотел и спа Инекс Олгица против Попоски Инженеринг Кафе Дома во 20:30 часот. Еден час подоцна стартува вториот меч во кој се среќаваат Златара Бени Ерол и АД Галеб.

Вечерва се затвара со третиот меч меѓу Хотел Тино и Аце Најдески.

Бидете утре во Мешеишта и следете три возбудливи мечеви кои ќе бидат повеќе од возбудливи и неизвесни во битката за трите бодови.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој го има своето 51. издание, а турнирот „Петровден“ стана препознатлив симбол на малиот фудбал низ цела држава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!