Турнири

Вечерва „искинати“ мрежите во Конче: Фенербахче пресилен, Перо и Тајфата до огромен триумф

Сподели
Сподели



Рекорден број на погодоци паднаа вечерва на турнирот во мал фудбал под рефлектори „Конче 2026“, откако уште на првиот меч беа забележани десет погодоци за славје на Конче Бирлик од 4:6 над Мастер Мустафа Бербер.

Во вториот меч Мастер Мустафа Бербер забележа уште еден пораз овој пат од високи 0:6 откако загуби од Фенербахче.

Екипата на Фенербахче во третиот меч со 9:2 го доби Хасан Бум, а пак во последниот меч на вечерта екипата на Перо и Тајфата со 12:2 го декласираше тимот на Липовиќ.

Утрешната програмата ќе биде најбогата со дури пет средби, а кои средби гарантираат атрактивен фудбал, многу погодоци, тактички надмудрувања и цел – како да се освојат трите бодови.

  • РАСПОРЕД ВТОРНИК 30.06.2026

20:00 часот Црна Река – Ефеџан Мемо
20:45 часот Црна Река – Мена Транс
21:30 часот Фреитх Оне – Мена Транс
22:15 часот Перфект Дизајн Еуродом Проект- Перо и Тајфата
23:00 часот Перфект Дизајн Еуродом Проект – Липовиќ

Спортска Мрежа и годинава е медиумски партнер на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!