Прва лигаФудбал

Силекс продолжува со засилувањата – Марио Ричков е новото име во Кратово

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона 2026/27. По обезбедувањето настап на европската сцена, кратовскиот клуб работи на формирање конкурентен тим кој ќе биде подготвен за предизвиците во домашното првенство, Купот на Македонија и европските квалификации.

Силекс официјално го промовираше Марио Ричков како нов фудбалер на клубот. Дваесет и двегодишниот лев бек во Кратово пристигнува од екипата на Македонија ЃП и ќе го засили тимот во пресрет на сезоната 2026/27.

Ричков, кој настапува на позицијата лев бек, и покрај младата возраст веќе има солидно искуство во македонскиот фудбал. Во својата кариера ги носеше дресовите на Вардар, Шкупи и Македонија ЃП, а има и настапи за младата репрезентација на Македонија.

Од Силекс изразија задоволство од ангажманот на Ричков и му посакаа успешна сезона во дресот на кратовскиот прволигаш.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!