Останато

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарската федерација на Македонија информираше дека ненадејно почина поранешниот претседател на Федерацијата, Марјан Јованов – Мане, на 58-годишна возраст.

Јованов беше претседател на Одбојкарската федерација на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година. Во неговиот мандат беа поставени темелите врз кои подоцна се изградија најголемите успеси на машката сениорска репрезентација на Македонија на меѓународната сцена. Токму во тој период започна создавањето на репрезентацијата која го направи првиот голем исчекор, со бараж-натпреварот против Чешка за пласман на Европското првенство во 2009 година.

По две години на чело на Федерацијата, поради професионални обврски, се повлече од функцијата, но зад себе остави стабилна организација, јасна визија и тим кој продолжи да работи на развојот на македонската одбојка. Неговиот придонес останува значаен дел од успесите што македонската репрезентативна одбојка ги оствари во годините што следуваа.

Како долгогодишен спортски работник и голем вљубеник во одбојката, Јованов и по завршувањето на мандатот остана близок до спортот, секогаш подготвен да помогне со совет и поддршка.

Одбојкарската федерација на Македонија изрази искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите што имаа чест да го познаваат.

Погребот ќе се одржи на 30 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!