Втора лигаФудбал

Димитар Митревски е нов претседател на ФК Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Второлигашот  ФК Пелистер започнува ново поглавје во пресрет на сезоната 2026/27 со именувањето на Димитар Митревски за нов претседател на клубот.

По оставката на досегашното раководство и стручниот штаб, акционерот на клубот – Општина Битола – го направи првиот важен чекор во креирањето на новиот проект, доверувајќи му ја претседателската функција на Митревски, кој го наследува Александар Стефановски.

Од клубот истакнуваат дека Митревски бил нивниот прв избор за оваа позиција и изразуваат задоволство што ја прифатил понудата да го предводи Пелистер во обидот за враќање на клубот во самиот врв на македонскиот фудбал.

Триесет и осумгодишниот Митревски има богато искуство во спортскиот менаџмент и маркетингот. Во јавноста е најпознат по успешното раководење со РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер, каде остави значаен белег во организацијата и развојот на клубовите.

Новиот претседател веднаш ќе започне со извршување на своите обврски, а во наредниот период ќе го претстави планот за работа, како и новиот шеф на стручниот штаб. Воедно, клубот наскоро ќе ги објави и датумот на почетокот на подготовките, како и програмата за летните подготовки.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!