Останато

Ѓорческа: Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели
По трите одлични настапи и трите победи во квалификациите за Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку дена за подготовка пред својот прв настап во главниот турнир на еден Гренд слем.
Во првото коло Ѓорческа ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, која минатата година стигна до финалето на Вимблдон, а на годинашното издание е поставена за шеста носителка.
 Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200-те најдобри на светот во еден од најмасовните спортови и затоа нема лесен меч. Сепак би го издвоила вториот меч (против Франциска Жорге). Последниот меч го одиграв одлично, загубив три гема и навистина сум среќна и пред сè со тоа како се носев за време на мечот. За мојата противничка нема што многу да се каже, квалитетна и комплетна тенисерка, мојата единствена цел е да го одиграм своето. Мечот ќе се игра во вторник (утре). Знаете таа е ланска финалистка и шеста носителка и затоа мечот е на еден од „главните терени“. “ Се надевам дека ќе биде интересен меч и гледајте и навивајте од дома
Ѓорческа е во групата од 16 тенисерки што ги минаа квалификациите: Марија Тимофеева, Ешлин Кругер, Алина Корнеева, Робин Монтгомери, Леолиа Жанжан, Анастасија Гасанова, Клари Ли, Тајра Грант, Мананшаја Савангкаев, Полина Кудерметова, Мариам Болкувадзе, Ирина Шиманович, Кајла Деј, Бијанка Андреску и Теодора Костовиќ. Сите тенисерки кои ги минаа квалификациите на своето конто имаат освоени 40 поени.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!