Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Сподели
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име во редовите на клубот е бразилскиот фудбалер Верли Валтер Насименто Фереира, кој ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија.

Станува збор за 26-годишен лев бек, кој во Арачиново пристигнува со цел да донесе дополнителен квалитет, искуство и сигурност во дефанзивата, но и препознатливиот бразилски менталитет и страст кон фудбалот.

„Со задоволство ви го претставуваме најновото засилување на нашиот тим, Бразилецот Верли Валтер Насименто Фереира. Дваесет и шестгодишниот лев бек доаѓа за да ја зголеми конкуренцијата, квалитетот и искуството во одбранбениот ред, носејќи го со себе бразилскиот менталитет и страст за фудбалот. Добредојде во црвено-црното семејство, Верли! Ти посакуваме многу успеси и победи во дресот на Шкендија“, велат од Шкендија Арачиново.

Фереира пристигнува од бразилскиот фудбал, каде настапуваше за Мадуреира, а во досегашната кариера има играно и во пониските бразилски лиги, како и во Белизе, каде го носеше дресот на Белмопан.

Шкендија Арачиново ова лето активно работи на формирање конкурентен состав за својата дебитантска сезона во елитното македонско фудбалско друштво, со јасна цел да остави силен впечаток во прволигашката конкуренција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!