Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски најавува максимален пристап: Македонија оди на две победи против Ирска и Луксембург

Сподели
ФОТО: КФM
Сподели

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото место во групата.

Пред важните дуели со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски истакнува дека пристапот мора да биде максимално сериозен и фокусиран.

По одличните настапи во дресот на ТФТ во МТЕЛ Супер лигата и АБА 2 конкуренцијата, Ташовски ова лето добива важна улога и во националниот тим, особено по повредата на Марин Петков на контролниот натпревар против Бугарија.

Првиот предизвик за Македонија е дуелот со Ирска во Скопје, на 2. јули во салата „Лазар Лечиќ“, а потоа следува гостувањето кај Луксембург.

„Целта на двата натпревари ни е само победа. И со една победа ќе бидеме 100% сигурни на првото место, но ние ќе одиме да победиме на двата меча, со максимална фокусираност и по договор со тренерот“, вели Ташовски.

Репрезентативецот очекува голема поддршка од публиката и верува дека Македонија има квалитет да го оправда статусот фаворит.

„Се надевам дека ќе добиеме помош и од публиката. Имаме повеќе квалитет и од Ирска и од Луксембург и мислам дека нема да имаме проблеми“, додава бекот.

Ирска во Скопје ќе пристигне со изменет состав во однос на првиот меѓусебен дуел во Даблин, но Ташовски посочува дека фокусот мора да остане на играта на Македонија.

„Ирска доаѓа со нов состав, само тројца играчи ако не се лажам се истите. Ние ќе се фокусираме на нашата игра и со помалку грешки од наша страна ќе одиме на успех“, истакнува Ташовски.

Македонија ја продолжува подготовката за завршните два натпревари, кои треба да го дадат конечниот одговор за пласманот во следната фаза од квалификациите.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!