Турнири

Отворени пријавите за 26. Меморијален турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија – награден фонд од 350.000 денари

Сподели
Сподели



Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да уживаат во возбудувањата на традиционалниот Меморијален турнир „Влатко Петров“, кој по 26. пат ќе се одржи во штипската населба Чардаклија.

Организаторите официјално го отворија процесот за пријавување на екипите, а заинтересираните состави ќе можат да се пријавуваат до 11 јули. И годинава турнирот ќе понуди богат награден фонд во вкупна вредност од 350.000 денари, што го вбројува меѓу најатрактивните турнири во мал фудбал во Македонија.

Победничката екипа ќе инкасира 180.000 денари, второпласираниот тим ќе добие 100.000 денари, третото место носи награда од 50.000 денари, додека четвртопласираната екипа ќе освои 10.000 денари.

Турнирот ќе се игра на терен со димензии 40х20 метри со тартан подлога, а натпреварите ќе се играат по систем 4+1 со професионална футсал топка. Секоја екипа ќе може да пријави најмногу 10 фудбалери, со можност во елиминациската фаза бесплатно да ангажира уште двајца т.н. „џокер“ играчи.

Организаторите информираат дека бројот на учесници е ограничен на 24 екипи, додека шемата на вкрстување ќе биде одредена во зависност од бројот на пријавените тимови и ќе биде дефинирана во официјалниот правилник на турнирот. Почетокот на турнирот исто така ќе биде утврден дополнително, во зависност од бројот на пријавени екипи, за што сите учесници ќе бидат навремено информирани.



Од Организацискиот одбор упатија повик до сите спортисти, рекреативци и љубители на малиот фудбал од целата држава да бидат дел од оваа спортска манифестација, истакнувајќи дека и покрај современите предизвици остануваат доследни на ставот дека спортот и рекреацијата треба да бидат достапни за секого.

„Горди на големата традиција и водени од мотото ‘спортот е она што нè обединува’, ги повикуваме сите заинтересирани екипи да се пријават и да бидат дел од една од ретките спортски манифестации од ваков тип кои сè уште опстојуваат“, порачуваат организаторите.

Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски партнер на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“, со што успешната соработка продолжува петта година по ред, откако започна уште во 2022 година.

Сите заинтересирани екипи своето учество можат да го пријават на телефонските броеви: 075-206-494, 078-206-173 и 078-355-978.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани...

Ракомет

Мулти Есенс го преживеа Младост и со тесен резултат обезбеди борба за бронза на турнирот во Прилеп

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!