Прва лигаФудбал

Ново засилување за Шкендија Арачиново: Дашмир Елези ќе го предводи нападот на дебитантот во елитата

Сподели
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име во редовите на клубот е напаѓачот Дашмир Елези, кој ќе го засили офанзивниот дел од тимот.

Од таборот на Шкендија Арачиново веруваат дека Елези ќе претставува значајно засилување и дека со своите квалитети ќе донесе дополнителна сила во нападот.

„Со задоволство ве известуваме дека Дашмир Елези е најновото засилување на нашиот тим! Напаѓач со голгетерски инстинкт, енергија и голема желба за успех, подготвен да го даде максимумот во црвено-црниот дрес. Веруваме дека Дашмир ќе биде силно оружје во офанзивниот дел од тимот и ќе им донесе многу радости на нашите навивачи“, велат од клубот.

Шкендија Арачиново ова лето се подготвува за најголемиот предизвик во својата историја – дебитантски настап во Првата македонска фудбалска лига. Клубот обезбеди историски пласман во елитното друштво откако во бараж натпреварот го совлада Пелистер и го завери своето место меѓу најдобрите македонски екипи.

Успехот на клубот е уште повреден ако се земе предвид фактот дека Шкендија Арачиново пред само две сезони се натпреваруваше во Третата лига – Север, а денес е дел од највисокиот ранг на македонскиот фудбал.

Со ангажманот на Дашмир Елези, амбициозниот прволигаш испраќа јасна порака дека има сериозни намери и дека сака конкурентно да се претстави во својата прва сезона во елитното македонско фудбалско друштво.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Кожув, Работнички и Тиквеш Голден Игл со победи ја отворија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Талевска обезбеди бод за Пелистер во мечот со Скопје, Димитровска со два гола за победа на Саса, Вардар ја „здроби“ Речица

Пелистер „откина“ бодови во дуелот во Пржино со шампионот Скопје, откако двете екипи одиграа 1:1 во меч од 8. коло на Првата женска...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец убедлив против Млекар, Вардар Неготино и Борец ремизираа на „Цвај арената“, нема победник во Крушево

Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на...

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!