Турнири

Второ издание на Меморијалниот турнир „Гоце Коцевски“ ќе се одржи во јули – следуваат три дена исполнети со мал фудбал

Сподели
Сподели

По успешното премиерно издание, годинава по вторпат ќе се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Гоце Коцевски“, спортски настан кој и лани привлече голем број екипи, љубители на спортот и посетители.

Организаторите најавуваат дека и второто издание ќе понуди три дена исполнети со спортски натпреварувања, дружење и фер-плеј, а турнирот ќе се одржи во периодот од 24 до 26 јули 2026 година.

На турнирот ќе настапат вкупно 16 екипи, кои ќе се натпреваруваат по елиминациски систем, а најдобрите состави ќе се борат за шампионскиот трофеј.

Дополнителни информации поврзани со пријавувањето на екипите, наградниот фонд и распоредот на натпреварите ќе бидат објавени во наредниот период.

Организаторите упатија покана до сите љубители на спортот да бидат дел од овој спортски настан и заедно да придонесат за уште едно успешно издание на Меморијалниот турнир „Гоце Коцевски“.

За повеќе информации и пријавување на екипи можете да ги контактирате организаторите на следниот линк.

Инаку, „Спортска Мрежа“ оваа година за првпат ќе биде медиумски покровител на турнирот и одблиску ќе ги следи сите случувања поврзани со овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!