ФудбалЧетврта лига

ФК Готен се враќа на фудбалската карта на Македонија, по речиси една деценија повторно ќе се игра фудбал во Подареш!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



По речиси десет години пауза, фудбалот повторно се враќа во радовишкото село Подареш. Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, ФК Готен повторно ќе биде активен и во новата сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига Струмица.

Станува збор за лига во која настапуваат екипи од општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче, а со враќањето на ФК Готен, љубителите на фудбалот од Подареш и околината повторно ќе имаат можност да уживаат во натпревари на својот домашен терен.

ФК Готен во минатото беше дел и од Третата македонска фудбалска лига, а сега клубот започнува ново поглавје со амбиции постепено да се врати на старите патеки. Во следниот период се најавува и реконструкција на фудбалскиот терен во Подареш, кој и во моментов располага со солидна инфраструктура и соблекувални, со што ги исполнува условите не само за настап во Општинската лига, туку и за повисок ранг на натпреварување.

Веста за реактивирањето на клубот беше одлично прифатена меѓу жителите на Подареш, но и во целата општина Радовиш. Враќањето на ФК Готен носи нова спортска енергија, а неделите повторно ќе бидат резервирани за фудбалски возбудувања.



Раководството на клубот во наредниот период ќе биде фокусирано на подобрување на инфраструктурата, како и на формирање конкурентен играчки кадар за претстојната сезона. Истовремено, од клубот ги отвораат вратите за соработка со сите заинтересирани физички и правни лица, компании и поддржувачи кои сакаат да помогнат во развојот и нормалното функционирање на ФК Готен.

Посебна улога во идниот развој на клубот се очекува да има и дијаспората, која традиционално дава силна поддршка за спортот во Подареш.

Инаку, претставници на ФК Готен веќе присуствуваа на официјалниот состанок организиран од Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, каде беа презентирани сите детали и информации поврзани со новата натпреварувачка сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!