Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Слога Виница доминира во Трета лига – Исток, тимот на Емил Грнев се подготвува за баражот за Втора лига!

Сподели
Сподели

Некогашниот второлигаш Слога Виница стана есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Исток, минатата сезона водеше тешка борба, но за влакно не успеа да дојде до првото место, откако Вардарски стана шампион и обезбеди учество во Втората лига преку бараж после 27 години.

Оваа сезона Слога Виница посериозно ги сфати работите направи квалитетен тим и оди кон една цел – прво место, шампионска титула, бараж и враќање во Втората лига.

Тимот на штипскиот стратег Емил Грнев доминираше во Трета лига – Исток со учинок од осум победи и еден пораз, со најдобар напад кој реализираше 36 погодоци и најдобра одбрана која приминала шест погодоци.

Слога Виница го има и најдобриот напаѓач во лигата – Игор Ѓоргиев со девет погодоци, но вториот најдобар стрелец е играч на тимот од Виница, Октај Амедов со осум погодоци, меѓу најдобрите стрелци е и Кристијан Ристовски со шест погодоци.

  • АНАЛИЗА НА ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК: КОЈ ДОМИНИРАШЕ НА ТЕРЕНОТ И КОИ ИГРАЧИ СЕ НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ?

Ова е најновата Анализа на Спортска Мрежа за Трета лига – Исток, ја анализираме Трета лига – Исток, табелата и листата на најдобри стрелци, но откриваме и неколку ексклузивни работи.

Како ќе се засилува Слога Виница, каков е проектот на Брегалница Делчево за следниот период и кои ќе бидат целите, што ќе очекуваме во пролетниот дел, какви статистики ни носи Трета лига – Исток?

Погледнете ја најновата Анализа на Спортска Мрежа, а наскоро нови емисии од Анализа на Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!