Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со тотална доминација во Втората лига – „лавовите“ во секој сегмент најдобри!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Македонија ЃП е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига со учинок од 12 победи, две нерешени и еден службен пораз и вкупно 38 бодови на своето конто, „лавовите“ доминираа на овие 15 есенски натпревари.

Тимот на Бобан Грнчаров го имаше и најефикасниот напад во Втората лига кој реализираше 31 погодок, а исто така овој тим ја има и најдобрата одбрана со пет примени погодоци.

Тотална доминација во секој сегмент кога е во прашање играта на Македонија ЃП, која го има и најдобриот стрелец Симеон Христов, кој постигна 15 погодоци.

Македонија ЃП го има најквалитетниот, најскапиот, најдобриот и најискусниот тим во Втората лига.

Квалитетни играчи, поранешни репрезентативци, играчи со меѓународно искуство, „лавовите“ покрај доминацијата на теренот покажаа како се работи и како треба да изгледа еден организиран тим. Максимално активен на социјални мрежи, близина со навивачите, претставување на атмосферата во тимот со еден збор тим кој треба да биде во Прва лига бидејќи има и инфраструктурата за Прва лига.

Андреја Ефремов блескаше на голот на „лавовите“, Џелил Абдула, одлична полусезона за младиот Матео Софијаноски, Дарко Размоски, искуство на поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски, капитенот Јован Попзлатанов, Ристе Темелков, Алексеј Славков, Христијан Пецов, најдобриот стрелец Симеон Христов, Ѓорги Стоилов, младиот голман кој одличен беше на голот против Беласица, Давид Стојановиќ, Ристе Лембовски, Мите Цикарски, Марио Станковски, Кире Маркоски, Марио Наумоски, Александар Анастасијески, Филип Стојчевски, Христијан Вецески, Алтин Нурединовски…. играчите кои ја носат Македонија ЃП кон експресно враќање во фудбалската елита на Македонија.


Бобан Грнчаров како шеф на стручниот штаб имаше одлична полусезона со Македонија ЃП, одлично му асистираше и Стево Митровски и тренерот на голманите Игор Тасевски, кои се дел од неговиот стручен штаб.

Македонија ЃП во есенскиот дел ја оправда двојната фаворитската улога, да биде во местата кои водат кон Прва лига, но и да биде есенски шампион, а во пролетниот дел ќе има за цел да го потврди првото место, бидејќи освен враќање во Првата лига, „лавовите“ ја сакаат и титулата во Втората лига.

Македонија ЃП сезоната ја стартуваше на 17. август со победата на домашен терен од 2:0 над Охрид, а потоа во второто коло следуваше незгодното гостување во Куманово каде „лавовите“ со 1:2 триумфираа над Башкими, а пред двојната репрезентативна пауза за А репрезентацијата и аматерската репрезентација Македонија ЃП со 3:0 ја „збриша“ Победа.

Во 4. коло дојде првото реми откако Саса во Ѓорче откина бодови од „лавовите“ играјќи 1:1, а во 5. коло натпреварот со Новаци беше службено загубен (3:0).


Ваквиот момент не влијаеше врз Македонија ЃП, која веднаш потоа го доби Вардарски со 0:2 во Богданци, преку пенали ја совлада Беласица во првата фаза од Купот, па триумфираше со 2:0 над Осогово во Кочани, а со минимални 0:1 во Автокоманда го доби Скопје.

Купот за Македонија ЃП заврши во осминафиналето кога беше елиминирана од прволигашот Струга со 2:0.

Следуваше 9. коло во кое Македонија ЃП со 3:0 го доби Кожуф, а потоа и реми без погодоци во Радовиш против Детонит Плачковица, радовишкиот тим не дава така лесно бодови на домашен терен.

Во 11. коло следуваше дербито на двата лански прволигаши кои заедно испаднаа од Првата лига, Македонија ЃП ја надигра Брегалница со 3:0 со што потврди зошто е прв фаворит во Втората лига.

„Лавовите“ доминираат на секој меч и потврдуваат зошто се фаворити, натпреварите ги решаваат и играат на нивен начин.

Пред новата репрезентативна пауза Македонија ЃП во Велес со 0:2 лесно се справи со Борец. Во 13. коло „лавовите“ го декласираа Вардар Неготино, откако пукна „петарда“ во Ѓорче за победа од 5:0 над тимот од Неготино кој беше инфериорен за овој меч.


Во рамки на претпоследното коло Македонија ЃП со минимални 1:0 го доби Арсими, а во рамки пак на последното 15. есенско коло со 0:4 славеше над младата Беласица во Струмица на „Благој Истатов“.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Вака изгледаше есенската полусезона на Македонија ЃП, вака „лавовите“ доминираа во есенскиот дел и вака сакаат во пролетниот дел. Вториот дел од сезоната ќе биде отворен на 15. февруари со натпреварите од 16. коло, а во кое коло Македонија ЃП ќе гостува на „Билјанини Извори“ во Охрид.

Македонија ЃП презимува со 38 бодови на врвот од табелата дури пет повеќе од Брегалница која е втора и шест во однос на Башкими кој е трет или во бараж зоната, а пак Арсими заврши на 4. место со 29 бодови.

Заслужен одмор за сите, а потоа стартуваат подготовките, пријателските натпревари, трансфер период, некои промени и пролетната мисија – Македонија ЃП да се врати во Првата македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!