ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со лото победа, висока победа на Бујковци против Миладиновци

Сподели
Сподели

Вчера се комплетираше 10. коло од Општинската фудбалска лига Гази Баба, коло кое се одигра во два викенди, откако претходниот викенд обилните врнежи од дожд не дозволија игра на сите терени, па се одиграа само два натпревари, а пак останатите три се одиграа вчера.

Екипата на Маџари Солидарност вчера однесе лото победа од 7:1 над Ускуп на домашен терен. Стојчевски беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигаа Абаз, Крстевски, Андреевски, Амет и Селими, додепа пак за гостинскиот тим во 64. минута погоди Селман.

Бујковци со 4:1 беше пресилен за тимот на Миладиновци, во меч каде беа постигнати три брзи погодоци за 3:0 по само 15 минути игра, а стрелци на истите беа Крстевски, Трајковски и Аземи. Во вториот дел Спасов зголеми на 4:0, а Маринковски погоди за конечни 4:1.

Илиден со двата гола на Ферид Абедин дојде до победа од 2:0 над тимот на Гоце Делчев.

ДОБИВАЈТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ СПОРТСКИ ВЕСТИ И ИНФОРМАЦИИ, УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО СПОРТСКА ДЕБАТА НА НАШИОТ ТЕЛЕГРАМ КАНАЛ

Претходно, како што информиравме Марино и Петровец ремизираа играјќи 1:1, Дељадровци со 3:1 славеше над Инџиково, а пак Долно Коњари беше слободен тим.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ ГАЗИ БАБА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ДОЛНО КОЊАРИ 9 7 2 0 24 5 +19 23
2 ФК БУЈКОВЦИ 9 7 1 1 28 7 +21 22
3 ФК МАЏАРИ СОЛИДАРНОСТ-ЈУНИОР 9 6 1 2 27 14 +13 19
4 ФК ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 10 5 3 2 30 18 +12 18
5 ФК Марино 2024 9 4 2 3 22 11 +11 14
6 ФК ИЛИНДЕН 9 4 1 4 15 17 -2 13
7 ФК МИЛАДИНОВЦИ 9 2 3 4 23 31 -8 9
8 ФК ДЕЉАДРОВЦИ 2010 9 2 3 4 8 19 -11 9
9 ФК ИНЏИКОВО 9 2 1 6 13 26 -13 7
10 ФК ПЕТРОВЕЦ 9 1 2 6 11 27 -16 5
11 ФК УСКУП 1911 9 0 1 8 10 36 -26 1
12 ФК СКОПСКО ПОЛЕ 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!