Втора лигаФудбал

Трансфер „бомба“: Искусниот Љупчо Трпески го засили новиот второлигаш Камјани, следува уште едно големо засилување!

Сподели
Сподели

Новиот второлигаш Камјани продолжува со амбициозното екипирање за својата дебитантска сезона во Втората македонска фудбалска лига. Ново големо засилување во тимот е искусниот Љупчо Трпески.

31-годишниот фудбалер во Камјани пристигнува од редовите на Шкендија Арачиново, клуб со кој минатата сезона испиша историја обезбедувајќи историски пласман во Првата македонска фудбалска лига. Трпески беше еден од најважните играчи во тимот и важеше за вистински лидер на теренот.

Охриѓанецот зад себе има богата кариера и настапуваше за Воска Спорт, Охрид, Кораб, Струга Трим Лум, Царев Двор и Пелистер. Интересно е што искусниот фудбалер како да го има рецептот за пласман во елитното друштво. Освен со Шкендија Арачиново, Трпески претходно успеа да избори влез во Првата лига и со Воска Спорт, па останува да се види дали истото сценарио ќе се повтори и во дресот на Камјани.

Трпески беше дел и од двете историски генерации на Шкендија Арачиново. Тој пристигна во клубот уште кога тимот се натпреваруваше во Третата лига – Север, учествуваше во освојувањето на шампионската титула и обезбедувањето пласман во Втората лига, а минатата сезона повторно беше меѓу најзаслужните за историскиот успех и влезот во Првата лига.

Камјани минатата сезона ја освои титулата во Третата лига – Запад, а потоа во баражот ја совлада Победа Валандово и обезбеди историски пласман во Втората лига.

Според информации на Спортска Мрежа, дебитантот во Втората лига не застанува тука. Во наредниот период се очекува промоција и на ново звучно засилување во нападот, а станува збор за искусен голгетер кој треба дополнително да ја зголеми конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа екипата на Камјани се засили со Арсим Љамалари, а според нашите информации, новиот второлигаш ќе гради квалитетен тим со кој ќе атакува на висок пласман во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!