ФудбалФутсал

Огромно засилување за шампионот КМФ Проект: Потпишан Александар Коцев

Сподели
Сподели

Шампионот КМФ Проект го претстави своето ново засилување за следната сезона, откако клубот од Јосифово стави потпис со Александар Коцев.

Се работи за големо и квалитетно засилување, 23-годишниот фудбалер во својата кариера има настапувано за Беласица од Струмица, каде има повеќе од 150 натпревари, а претходно беше дел и од АП Брера Струмица.

Како футсалер настапуваше и за Црна Река од Кавадарци, а последно градеше меѓународна кариера во Швајцарија.

„Александар Коцев е играч кој доаѓа со квалитет, искуство, карактер и победнички менталитет, подготвен да ги прифати предизвиците кои нè очекуваат на домашната и европската сцена. Веруваме дека неговата енергија, посветеност и желба за напредок ќе бидат значаен дел од нашите амбиции во сезоната што следува“, велат од КМФ Проект.

Македонскиот шампион го гради ростерот за новата сезона во која ќе атакува на одбрана на двојната круна, но се подготвува и за квалификациите за Лигата на шампиони.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!