Втора лигаФудбал

По три успешни сезони Дарко Крстески се раздели со второлигашот Новаци

Сподели
Сподели

Второлигашот Новаци и искусниот стратег Дарко Крстески ставија крај на меѓусебната соработка по три години заедничка работа, период во кој прилепскиот тренер остави значаен белег во клубот.

Крстески беше еден од најзаслужните за стабилизацијата и резултатскиот подем на Новаци во изминатиот период. Минатата сезона тимот ја заврши на седмата позиција во Втората македонска фудбалска лига, што претставува еден од најдобрите резултати на клубот во последната деценија.

Особено значајно е што 54-годишниот стратег остана со клубот и во најтешките моменти. Пред почетокот на минатата сезона постоеја бројни дилеми околу иднината на Новаци и начинот на функционирање на клубот, пред сè од финансиски аспект. По влезот на компаниите Евротип и Голд Филиција следуваше период на консолидација, а токму под водство на Крстески тимот успеа да оствари одличен резултат и да биде едно од најпријатните изненадувања во второлигашката конкуренција.

Во својата тренерска кариера Крстески ги предводеше Победа, со која обезбеди и пласман во Првата македонска фудбалска лига, како и Пелистер, Караорман и Новаци. Искусниот тренер поседува УЕФА Про лиценца и во моментов е без ангажман, што значи дека наскоро би можел да добие нов предизвик во кариерата.

Од таборот на Новаци преку соопштение ја потврдија разделбата со досегашниот тренер Дарко Крстески, посакувајќи му среќа во иднина.

„Благодариме за сè, Дарко Крстески! ФК Новаци ти посакува многу успех и среќа во иднина. Твојот придонес за клубот нема да биде заборавен“, велат од клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!