Ракомет

„Пеколна” есен во Супер Лигата: Еве кога ќе се судрат Вардар, Пелистер, Охрид и Алкалоид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Новата сезона во македонската Супер Лига носи возбудлив есенски распоред, а по извлекувањето на натпреварувачките броеви стана јасно кога ќе се играат најголемите дерби натпревари.

Сезоната ќе започне на 5 или 6 септември со дуелот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, а токму охриѓани ќе имаат најинтензивен старт. Во првите шест кола тимот ќе ги одигра сите дерби натпревари – најпрво го пречекува Еурофарм Пелистер, потоа гостува кај Вардар во Скопје, а веднаш потоа ќе биде домаќин на Алкалоид.

Вардар ќе биде домаќин на сите големи дерби средби во есенскиот дел. „Црвено-црните“ прво ќе го пречекаат Охрид, потоа Еурофарм Пелистер, а во средината на ноември и Алкалоид. Според најавите, скопскиот клуб натпреварите ќе ги игра во новата сала „Расадник“, додека мечевите со најголем интерес би можеле да се одиграат во СЦ „Јане Сандански“.

Првото големо македонско дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажано за деветтото коло, односно на 31 октомври или 1 ноември во Скопје. Од друга страна, битолчани есенва речиси сите најтешки натпревари ќе ги играат на гостински терен, додека клучните домашни пресметки ќе ги имаат на пролет, непосредно пред стартот на плеј-офот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!