ИнтернационалциФудбал

Ване Јованов останува во Нирегихаза, потпиша договор до 2028 година

Сподели
ФОТО: Instagram Nyiregyhaza Spartacus
Сподели

Македонскиот фудбалер Ване Јованов и официјално ја продолжи соработката со унгарскиот прволигаш Нирегихаза. Клубот му укажа доверба на 27-годишниот дефанзивец и потпиша нов договор со него кој ќе важи до летото 2028 година.

Јованов во досегашниот дел од престојот во унгарскиот клуб одигра 13 натпревари и со своите настапи успеа да го убеди раководството дека заслужува да остане важен дел од тимот и во наредните сезони.

Македонскиот дефанзивец зад себе има богата кариера. Во домашниот шампионат настапуваше за Брера, Победа и Брегалница, додека интернационално искуство стекна и во хрватскиот Вараждин.

Продолжувањето на договорот претставува потврда за добрите игри на Јованов, кој и во иднина ќе ги брани боите на Нирегихаза со амбиција за нови успеси во унгарскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна новото поглавје во кариерата во дресот на Металопластика Шабац. Македонскиот интернационалец...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот од Арачиново игра совршено, Скопје ја бара првата сезонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!