Прва лигаФудбал

Искусниот Буњамин Шабани останува во редовите на Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум продолжува да го задржува искусното јадро на тимот за новата сезона. Клубот ја продолжи соработката со искусниот играч за врска Буњамин Шабани за уште две години.

Триесет и петгодишниот фудбалер е еден од најискусните во составот на стружани и ќе продолжи да го носи дресот на актуелниот прволигаш и во наредниот период.

Во својата богата кариера Шабани настапуваше за повеќе клубови во Македонија и регионот, меѓу кои Скопје, Ренова, Шкупи, Дрита и ерменскиот Ширак. Со своето искуство, лидерски квалитети и стабилни настапи на средината од теренот, тој претставува важен дел од тимот на Струга Трим Лум.

Продолжувањето на договорот со Шабани е уште еден показател дека клубот сака да го задржи костурот на екипата и да остане конкурентен во домашните натпреварувања и во претстојните предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!