Втора лигаФудбал

Камјани не застанува: Пристигна Арсим Љамалари, следуваат нови трансфер „бомби“!

Сподели
Сподели

Новиот второлигаш Камјани сериозно се подготвува за својата дебитантска сезона во Втората македонска фудбалска лига, а раководството веќе започна со засилување на играчкиот кадар. Прво позвучно име кое пристигнува во редовите на клубот е искусниот стопер Арсим Љамалари.

31-годишниот дефанзивец доаѓа од Шкендија Арачиново и ќе претставува значајно засилување за тимот кој за првпат во својата историја ќе настапува во второлигашката конкуренција. Љамалари зад себе има богато искуство на македонската фудбалска сцена, настапувајќи за клубови како Силекс, Беса Добридол, Еуромилк и Шкендија Арачиново.

Камјани до историскиот пласман во Втората лига стигна по одличната сезона во Третата лига – Запад, каде ја освои шампионската титула. Потоа, во баражот за пласман во ВМФЛ, тимот беше поуспешен од Победа Валандово, шампионот на Третата лига – Исток, и на тој начин обезбеди место меѓу второлигашите.

Ангажманот на Љамалари е само почеток на амбициозниот проект на клубот. Според информации на Спортска Мрежа, во следните денови Камјани ќе промовира уште неколку искусни и докажани фудбалери, со што јасно покажува дека нема намера да биде само учесник во Втората лига, туку и сериозен конкурент.

Од Тетово испраќаат порака дека се работи на создавање конкурентен состав кој ќе може достоинствено да се претстави во новото друштво, а првите потези на трансфер-пазарот покажуваат дека клубот има високи амбиции пред стартот на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!