Прва лигаФудбал

Прволигашот Шкендија Арачиново се засили со искусниот Марко Симоновски

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува да го засилува својот состав во пресрет на дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Ново име во редовите на клубот е искусниот напаѓач Марко Симоновски.

Триесет и четиригодишниот голгетер во Арачиново пристигнува од кипарскиот прволигаш Еносис, носејќи богато интернационално и домашно искуство. Во својата кариера Симоновски настапуваше за повеќе клубови меѓу кои Вардар, Металург, Сплит, Напредок, Дрита, Башкими и Гостивар.

Со неговото доаѓање, Шкендија Арачиново добива проверен напаѓач кој во текот на кариерата има постигнато значителен број голови и се очекува да биде еден од главните адути во офанзивниот дел од тимот.

Клубот од Арачиново, кој неодамна обезбеди историски пласман во македонската фудбалска елита, продолжува да гради конкурентен состав за претстојните прволигашки предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!