Останати репрезентацииРепрезентација

Македонската атлетика со седум репрезентативци на Балканското првенство во Грција

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

На 20 и 21 јуни во Волос, Грција ќе се одржи Балканското првенство за сениори во атлетика, на кое Македонија ќе биде претставена со седум репрезентативци во повеќе дисциплини.

Македонските атлетичари ќе имаат можност да ги одмерат силите со најдобрите натпреварувачи од Балканот, а настапите се очекува да бидат значаен тест и можност за остварување на нови лични и национални рекорди.

Во составот на македонската репрезентација се: Андреас Трајковски, кој ќе настапи во скок во далечина и штафетата на 4х100 метри, Јован Стојовски во дисциплината 400 метри со пречки и штафетата 4х100 метри, како и Марко Алексовски на 100 метри, 200 метри и во штафетата 4х100 метри.

Дел од тимот се и Брајан Авиа, кој ќе се натпреварува во скок во далечина и скок во височина, Владимир Битољану на 200 метри и во штафетата 4х100 метри, Мелиса Димитриоски на 100 метри, како и Михаил Петров на 400 метри и во штафетата 4х100 метри.

Македонската репрезентација со оптимизам патува во Волос, со надеж за успешни настапи и достојно претставување на државата на едно од најсилните регионални атлетски натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!