Останати репрезентацииРепрезентација

Бронза за Душица Бреслиева на Европското клупско првенство во таеквондо

Сподели
Сподели

Младата македонска таеквондистка Душица Бреслиева од ТК Штип освои бронзен медал на Европското клупско првенство што се одржа во Босна и Херцеговина.

Бреслиева настапи во категоријата до 55 килограми и прикажа одлични борби на патот до освоениот медал. Во првото коло таа ја совлада Џејланаз Дурназ од Турција со 2:1, покажувајќи голема борбеност и квалитет.

Во четвртфиналето македонската претставничка беше уште поубедлива и со 2:0 ја победи Гркинката Елефтерија Вамвакаки, со што обезбеди место меѓу четирите најдобри натпреварувачки на шампионатот.

Во полуфиналната пресметка Бреслиева се соочи со Хрватката Клара Углешиќ. И покрај големата борба, македонската таеквондистка беше поразена со 2:0 и го заврши настапот со заслужен бронзен медал.

Овој успех претставува уште една потврда за талентот и потенцијалот на младата таеквондистка, како и за квалитетната работа во ТК Штип, кој продолжува успешно да ја претставува Македонија на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!