Прва лигаФудбал

Тиквеш се раздели со 11 фудбалери и прави целосна реконструкција во клубот

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Македонскиот прволигаш Тиквеш започна со сериозна реконструкција на тимот за новата сезона, по промените во раководната структура на клубот.

Новото раководство, предводено од првиот човек на клубот Сезар Браво, веќе реализира значајни промени во играчкиот кадар со цел создавање поконкурентен состав за претстојната натпреварувачка сезона. Од клубот најавуваат дека реконструкцијата ќе продолжи и во наредниот период.

ФОТО: ГФК Тиквеш

Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со големите промени во играчкиот кадар, откако клубот официјално ја прекина соработката со дури 11 фудбалери.

Од тимот заминуваат: Даниел Мојсов, Стефан Тасев, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Даниел Тасев, Кристијан Ѓорѓиевски, Кристијан Стојкоски, Мартин Стојанов, Никола Најдовски, Берат Садик и Вања Терзиќ. Дел од нив ќе продолжат со нови кариерни предизвици, при што Никола Најдовски ќе ја продолжи кариерата во Косово, додека Берат Садик ја заврши својата професионална фудбалска кариера.

Паралелно со играчките промени, клубот доби и ново тренерско водство. Нов стратег на Тиквеш е Оливер Богатинов, тренер со богато интернационално искуство. Во својата кариера работел во неколку словенечки клубови, меѓу кои Марибор и Копер, а во 2012 година бил дел и од стручниот штаб на репрезентацијата на Словенија до 17 години.

Со овие потези, Тиквеш јасно најавува нов почеток и темелна реконструкција на тимот пред стартот на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску, на која беа...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг пред утрешниот предизвик во младинската Лига на шампиони. Струмичани утре ќе...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!