Прва лигаФудбал

Шкендија го претстави Бојан Димоски како ново засилување во тимот

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е нов фудбалер на Шкендија. Прволигашот доби големо засилување во пресрет на новата сезона, откако 24-годишниот фудбалер стави потпис на договор со тетовскиот клуб.

Димоски зад себе има богата интернационална кариера и важи за еден од најдобрите македонски фудбалери на својата позиција. Во домашното првенство настапуваше за Тетекс, Вардар и Брера, каде што со своите игри го привлече вниманието на клубовите од странство.

Неговата интернационална авантура започна во рускиот Акрон Тољати, по што го носеше дресот на српските гиганти Партизан и ТСЦ Бачка Топола. Со своето искуство стекнато во силни лиги и редовните настапи за македонската репрезентација, Димоски ќе претставува значајно засилување за Шкендија во борбата за домашните трофеи и настапите на европската сцена.

Во таборот на тетовци веруваат дека неговиот квалитет, искуство и победнички менталитет ќе донесат дополнителна стабилност и сигурност во тимот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“, а по 60 минути голема борба резултатот беше 28-28....

Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона, кое пред полните трибини во „Билјанини Извори“ заврши без победник, 28-28....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!