Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските кошаркари до 17 години поразени од Романија во драматичен меч во Букурешт

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години со пораз го започна настапот на турнирот во Букурешт, откако во изедначен натпревар беше совладана од домаќинот Романија со 81:68.

Средбата беше неизвесна во најголемиот дел од играта, со чести промени во водството на двете селекции. Клучен момент се случи во последната четвртина, кога Романија направи серија од 10:0 и го скрши отпорот на македонскиот тим.

Романците подобро го отворија натпреварот и по пет минути игра поведоа со 13:4, но македонските кошаркари постепено ја намалуваа разликата и на крајот од првата четвртина стигнаа до 16:20.

Во вториот период избраниците на стручниот штаб одиграа одлично и во 16. минута дури и поведоа со 29:28, што воедно беше нивно единствено водство на натпреварот. На полувреме Романија имаше минимална предност од 36:35.

Во продолжението се играше израмнето, но домашниот тим во финишот на третата четвртина се одвои и поведе со 59:50, а по 30 минути игра резултатот беше 61:55.

Македонија со серија од 6:0 на стартот од последната четвртина израмни на 61:61, но потоа следуваше голем пад во нападот. Романија ја искористи кризата, постигна 10 поени во серија и дојде до недостижна предност од 71:61, која ја одржа до крајот.

Кај Македонија најрасположен беше Ѓиноски со 14 поени, шест асистенции и пет скока. Сотир и Коневски постигнаа по 10 поени, додека Рајковски заврши со девет поени.

Следниот натпревар Македонија го игра утре од 13:30 часот против селекцијата на Грција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!