Фудбал

Кривични пријави против претседател и секретар на ОФС Валандово

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

СВР Струмица преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С. (66) и М.Г. (54), двајцата од Валандово, поради сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во својство на претседател, а второпријавениот како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 година во повеќе наврати регистрирале фудбалски клубови за натпреварување во Општинската фудбалска лига Валандово без да бидат исполнети условите за минимален број играчи предвидени со правилниците на Фудбалската федерација на Македонија.

На овој начин, како што наведува полицијата, бил зголемен бројот на делегати во Собранието на ФФМ, на кои им биле исплаќани надоместоци по различни основи. Со ваквите дејствија, според пријавата, за себе и за други лица била прибавена противправна имотна корист од околу 1.350.000 денари.

Дополнително, пријавените се сомничат дека изготвувале записници за наводно одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за учесници на фудбалски средби кои воопшто не биле одиграни.

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Петти пораз за одбојкарките на Македонија, Хрватска пресилна во Европската лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и петтиот пораз во Европската лига, откако вчера беше поразена од селекцијата на Хрватска со максимални...

Прва лигаФудбал

Искусниот Буњамин Шабани останува во редовите на Струга Трим Лум

Струга Трим Лум продолжува да го задржува искусното јадро на тимот за новата сезона. Клубот ја продолжи соработката со искусниот играч за врска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Искусниот Буњамин Шабани останува во редовите на Струга Трим Лум

Струга Трим Лум продолжува да го задржува искусното јадро на тимот за...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Шкендија Арачиново се засили со искусниот Марко Симоновски

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува да го засилува својот состав во пресрет...

Втора лигаФудбал

Камјани не застанува: Пристигна Арсим Љамалари, следуваат нови трансфер „бомби“!

Новиот второлигаш Камјани сериозно се подготвува за својата дебитантска сезона во Втората...

Втора лигаФудбал

Дарко Стојанов се раздели со Кожуф по успешно завршената мисија

Искусниот дефанзивец Дарко Стојанов повеќе не е дел од второлигашот Кожуф. По...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!