Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јованов: Покажавме карактер против Холандија и Грција, сега сме фокусирани на Косово и Израел

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска и утре ќе ги одигра последните два натпревари од Европската лига 2026 во Приштина, каде ќе се соочи со домаќинот Косово и селекцијата на Израел.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во третиот турнир влегуваат со учинок од две победи против Луксембург и Исланд и два порази од Холандија и Грција. По одигрувањето на првите два турнири, Македонија се наоѓа на 18. место на табелата со шест освоени бодови, колку што имаат и Летонија, Хрватска, Словачка, Унгарија и Црна Гора.

Македонските одбојкари вечерва од 20 часот ќе го одиграат натпреварот против Косово, во кој важат за фаворити. Ден подоцна следува дуелот со Израел, селекција која лани беше противник на Македонија во Европската лига, а со која нашата репрезентација ќе се сретне и во групната фаза на Европското првенство 2026 во Софија.

Овие два натпревари ќе бидат од големо значење за конечниот пласман на Македонија во годинешното издание на Европската лига и дополнителна подготовка за претстојните настапи на европската сцена.

„Четири натпревари во кои имаме две победи и два порази се зад нас. Со сите промени во составот и подмладувањето на репрезентацијата, мислам дека од натпревар во натпревар играме се подобро и полека влегуваме во посакуваниот ритам. Сметам дека покажавме карактер и добра игра против силни селекции како Холандија и Грција. Сега целосно сме фокусирани на натпреварите со Косово и Израел. Без оглед на ранкингот и името на противникот, на секој натпревар приоѓаме со максимална сериозност. Работиме на нашата игра и на тоа да го дадеме максимумот на теренот. Верувам дека со добра тимска игра ќе дојдеме до позитивни резултати и на овој турнир“, вели либерот Филип Јованов.

Македонија, вечерва, со почеток од 20:00 часот, против Косово го отвора последниот викенд во Евролигата, додека утревечер, во истиот термин ќе се соочи со Израел.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!