Останато

Историско сребро за Македонија на Европското училишно првенство во баскет 3х3

Сподели
Сподели

Македонските ученици испишаа историја на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Белград, освојувајќи го сребрениот медал во силна европска конкуренција.

Во големото финале, нашите кошаркари беа поразени од селекцијата на Англија со 22:18, но и покрај поразот одиграа одличен натпревар, борејќи се до последната секунда и покажувајќи огромен карактер и квалитет.

Овој успех има историско значење за македонскиот училишен спорт, бидејќи за првпат еден тим од Македонија настапува на Европско училишно првенство во баскет 3х3 и се враќа дома со медал.

Сребрениот успех го остварија Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски. Пред заминувањето за Белград тие скромно ги истакнаа своите амбиции, но најавија дека ќе дадат се од себе за достојно да ја претстават Македонија.

Во текот на четирите натпреварувачки дена, македонскиот тим одигра осум натпревари и забележа седум победи и само еден пораз – оној во финалето. На патот до среброто нашите кошаркари ги совладаа селекциите на Молдавија, Хрватска 2, Црна Гора, Хрватска 3, Србија 1, Хрватска 1, а уште еднаш беа подобри и од Хрватска 2.

Од Федерацијата на училишен спорт на Македонија упатија честитки до младите кошаркари за извонредниот резултат и истакнаа дека ќе продолжат да ги поддржуваат младите спортисти во нивниот развој и идни успеси.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!