Турнири

Отворени пријавувањата за турнирот во мал фудбал „Конче 2026“: Победникот ќе освои 200.000 денари

Сподели
Сподели

Љубителите на малиот фудбал и оваа година ќе имаат можност да бидат дел од еден од најатрактивните турнири во регионот. Организаторите на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ ги отворија пријавувањата за учество, а интересот за традиционалниот спортски настан веќе расте.

Екипите кои сакаат да се натпреваруваат можат да се пријават најдоцна до 22 јуни, додека котизацијата за учество изнесува 3.000 денари по екипа.

Турнирот и оваа година носи богат награден фонд. За освојувачот на првото место се обезбедени 200.000 денари, второпласираната екипа ќе добие 100.000 денари, третото место носи награда од 50.000 денари, додека четвртопласираниот тим ќе инкасира 20.000 денари.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани екипи навреме да го потврдат своето учество и да бидат дел од уште едно возбудливо издание на турнирот, кој секоја година привлекува голем број фудбалери, љубители на спортот и посетители.

Дополнителна вредност на настанот ќе биде и медиумската поддршка, бидејќи спортскиот портал „Спортска Мрежа“ и оваа година ќе биде медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи навремено информирање за сите случувања, резултати и интересни моменти од натпреварите.

За повеќе информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 070 996 529 и 075 496 023.

Турнирот во мал фудбал „Конче“ и оваа година ветува одлична атмосфера, квалитетни натпревари и борба за вредните награди.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Македонските тенисери ќе се борат за петтото место на „Summer Cup“

Македонската машка тениска репрезентација настапува на турнирот „Summer Cup“ во Анкара, каде што се играат натпреварите од Зоната Д. Нашата селекција, во состав...

Фудбал

ФФМ застана зад УЕФА: Светското првенство не смее да биде на продажба

Заеднички став на европското фудбалско семејство УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за...

Поврзани написи
Турнири

Украс ИНК со победа од пет гола, КМФ Кратово се извлече на пенали, уште две високи победи во Чардаклија

Вечерва се дознаа противниците за полуфиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал...

Турнири

ФОТО: Благица & Китчен против Паб Монополо во големото финале на „Малеш Куп 2026“ во Берово

Утре се игра големото финале на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп...

Турнири

Фреигхт Оне пресилен, Вергови мораше преку пенали, Вила Клепало победи за четвртфинале на „Ораовица 2026“

Вечерва беа одиграни нови возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Ораовица...

Турнири

ФОТО: Моќно издание на Стиф Компани – „лалињата“ ги фати „летен мраз“, Црна Река со „петарда“ на „Ораовица 2026“

Осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ тргна доста ефикасно, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!