ФудбалФутсал

Шампионот КМФ Проект ја продолжи соработката со Ѓорги Коцевски

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува победничкиот ростер за новата сезона, откако клубот ја продолжи соработката со Ѓорги Коцевски.

Еден од најквалитетните офанзивци во составот и во сезоната 2026/2027 ќе го носи зелено-црниот дрес на тимот од Јосифово, кој се подготвува за настап во квалификациите за Лигата на шампионите.

Коцевски е препознатлив по својата креативност, одлична техника и способност во секој момент да направи разлика на теренот. Иако надвор од теренот важи за мирен и скромен човек, кога топката е во неговите нозе претставува постојана опасност за противничките голмани.

Од КМФ Проект истакнуваат дека неговото чувство за гол, индивидуалниот квалитет и силниот удар се квалитети кои го прават еден од најважните играчи во тимот.

„Насмевката останува, магијата продолжува! Ѓорги Коцевски и во наредната сезона ќе го носи дресот на КМФ Проект. Вечно насмеан, тивок надвор од теренот, но секогаш опасен кога топката е во неговите нозе. Играч со врвен индивидуален квалитет, одлично чувство за гол и удар кој може да ја реши секоја средба во само еден момент. Неговата креативност и способност да направи разлика се квалитети што секој тим ги посакува, а ние сме горди што и понатаму е дел од нашето семејство. Најдоброто допрва следува“, велат од клубот.

Минатата сезона КМФ Проект ја освои двојната круна во македонскиот футсал, откако по вторпат во својата историја стана шампион на Македонија, а за првпат го освои и Купот на Македонија.

Во новата сезона тимот ќе има нов голем предизвик – настап во квалификациите за Лигата на шампионите, каде ќе се обиде достојно да го претставува македонскиот футсал на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде нов селектор на македонската репрезентација до 21 година. Таневски досега...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија одигра храбро, но без сили против моќната Бугарија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленковски загубија од домаќинот Бугарија со...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако...

ИнтернационалциФудбал

Прв ангажман во странство: Стратегот Ѓорѓи Мојсов го презема српски Земун

Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов има нов тренерски предизвик надвор од македонските граници,...

Прва лигаФудбал

Масар Омерагиќ одржа состанок со претставниците од ПМФЛ, со цел подобрување на фудбалот

Во „Куќата на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ,...

Втора лигаФудбал

Прва тренерска оставка во Втората лига: Иван Варадиновски се повлече од Новаци

Падна првата тренерска оставка во Втората македонска фудбалска лига оваа сезона, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!