Организаторите на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта ги одредија групите и распоредот за овогодинешното издание.
51-то издание на турнирот ќе понуди неверојатна фудбалска магија, силна конкуренција, а тоа ќе понуди и многу публика на трибините што е традиција за овој турнир.
Исто така, организаторите ја промовираа и апликацијата каде ќе може да се следат резултати, натпревари односно резултати и групите.
Турнирот ќе биде отворен во петок со првите три натпревари. Првата натпреварувачка вечер се отвара во 20:30 часот со мечот меѓу екипите на Асп Пак и Кафе бар Слобода, еден час подоцна Нова Пор против Виена Комерц, а од 22:30 часот Топлина против Пејачката Софче Македонија.
Спортска Мрежа и годинава ќе го поддржи медиусмки овој турнир кој има традиција од 51 година.