Прва лигаФудбал

Искусниот Љупче Трпески се раздели Шкендија Арачиново: Нов предизвик во кариерата за охриѓанецот

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели



Искусниот Љупче Трпески и новиот прволигаш Шкендија Арачиново се разделија, со што фудбалерот од Охрид ќе има нов предизвик во кариерата.

Трпески е дел од две златни генерации на Шкендија Арачиново, еден од најзаслужните во историјата на клубот кој дојде уште кога клубот беше дел од Трета лига – Север, стана шампион во третолигашката конкуренција и обезбеди влез со клубот во Втора лига, а минатата сезона беше одново меѓу најзаслужните и обезбеди историски влез со Шкендија Арачиново во Прва лига.

31-годишнипот Трпески во својата кариера има настапувано за Воска Спорт, Охрид, Кораб, Струга Трим Лум, Царев Двор и Пелистер.

Трпески беше важен играч во тимот на Шкендија Арачиново, вистински лидер кој ги собра симпатиите на навивачите на новиот второлигаш, но сега ќе оди по нов предизвик и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, а тој веќе е на радарот на повеќе екипи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!