Турнири

ФОТО: Ресен се извлече на пенали, Сливница и Пекара Александар со високи победи

Сподели
Сподели



Синоќа на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „ресен 2026“ беа одиграни три натпревари, кои донесеа еден возбудлив меч и две убедливи победи, а на задоволство на публиката која и синоќа уживаше од трибините.

Во првиот меч победник во регуларниот дел немаше откако Ресен и Аце Најдески одиграа 1:1, а потоа во пенал серијата екипата на Ресен беше подобра со 4:3.

Во вториот меч доминација на тимот на Сливница откако со 4:1 го доби Екстра Скопско. Слична игра имаше и во третиот меч кога Пекара Александар со високи 3:1 го доби тимот на Викса Пром.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој го обединува најдобрите екипи од Југозападот на едно место.

Вечерва на програмата ќе бидат нови возбудливи натпревари, а истата ќе биде збогатена со четири натпревари.

Од 19 часот Пропер Претор ќе игра со Ресен, еден час подоцна Враништа оди на мегдан со Инекс Олгица, од 21 часот Новаци Пеце Н. ќе игра со Екстра Скопско, а пак од 22 часот Солар Буилд на мегдан со Сливница.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!