Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново го донесе првото засилување: Матеус Лемос се враќа во македонскиот фудбал

Сподели
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново го официјализираше првото засилување во пресрет на дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на тимот е бразилскиот фудбалер Матеус Лемос, кој повторно ќе настапува на македонските терени.

Станува збор за крилен офанзивец кој добро е познат на домашната фудбалска јавност, откако во минатото ги носеше дресовите на Вардар и Македонија Ѓорче Петров. Токму со „лавовите“ од Ѓорче Петров Лемос успеа да го освои Купот на Македонија и остави значаен белег со своите настапи.

Бразилецот во Арачиново доаѓа од редовите на Индепенденсија од Бразил, а од клубот веруваат дека неговото искуство стекнато во македонскиот и интернационалниот фудбал ќе биде голем плус за екипата во прволигашките предизвици.

„Добредојде, Матеус Лемос! Шкендија Арачиново го претставува првото засилување за новата сезона во Првата лига на Македонија. Бразилскиот фудбалер му се приклучува на нашето семејство, носејќи со себе искуство од домашниот и меѓународниот фудбал. Со голема посветеност и амбиција продолжуваме да градиме конкурентен тим за предизвиците што нè очекуваат“, соопштија од клубот.

Со ангажманот на Лемос, Шкендија Арачиново испраќа јасна порака дека сака да биде конкурентна во својата прва сезона меѓу најдобрите македонски клубови.

Раководството и стручниот штаб веќе работат на засилување на ростерот, а Бразилецот е првото име во летниот преоден рок.

Во меѓувреме, тимот ги започнува подготовките за новата сезона. Првиот дел од подготовките ќе се реализира во Скопје, по што фудбалерите ќе заминат на подготовки во Банско, Бугарија, каде ќе ја темпираат формата за историскиот настап во македонската фудбалска елита.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

По исфрлањето на Тиверија од натпреварување, управата поднесе оставка!

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица се соочува со еден од најтешките моменти во својата историја. Откако струмичкиот клуб беше исклучен од натпреварувањето во...

Прва лигаФудбал

Арсими и Тиквеш ги поделија бодовите во Гостивар, Сила повторно стрелаше за кавадарчани

Арсими и Тиквеш ремизираа со 1-1 во Гостивар во последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот понуди динамична игра,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

По исфрлањето на Тиверија од натпреварување, управата поднесе оставка!

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица се соочува со еден од најтешките моменти...

Прва лигаФудбал

Арсими и Тиквеш ги поделија бодовите во Гостивар, Сила повторно стрелаше за кавадарчани

Арсими и Тиквеш ремизираа со 1-1 во Гостивар во последниот натпревар од...

Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица им оддаде почит на клупските легенди Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки

Фудбалскиот клуб Беласица им оддаде посебна почит на две значајни имиња од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!